Павле Трајанов бара амнестија за граѓаните кои нелегално превезуваа мигранти


На вчерашната седницата на парламентот Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз, го отвори прашањето за голем број на граѓани кои вршеа нелегален пренос на мигранти, а се осудени на високи казни.pavle trajanov

„Овој процес се декриминализира (превозот на мигрантите се врши со возови, автобуси, патнички возила и др.), поради што ја иницира потребата од аменстија. Во Република Македонија последната општа амнестија е спроведена во 1999 година. Оттогаш наваму многу судски одлуки се на „стаклени нозе“, поради што Владата на РМ треба да ја разгледа можноста и оправданоста и да подготви Закон за амнестија“, се вели во соопштението од ДС.

Со донесувањето на Законот за специјален јавен обвинител, додаваат од оваа патија, Парламентот потврди дека судскиот систем е со крајно нарушен кредибилитет и оттаму многу судски одлуки треба да бидат предмет на анализа („Змиско око“, „Шпион“, „Ликвидација“, и др.)

„Како државен чин на простување на казна, но и корекција на неправда, скоро секаде, во сите држави, се спроведува амнестијата“, сметаат  во ДС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1