PayPal ќе дојде и во Македонија многу скоро, најави денеска заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
Според неа Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија која наскоро влегува во PayPal системот за онлајн купување.
– Последниве две години сме во директни комуникации со PayPal и се чека само момент. Континуирано добиваме информација дека треба да донесат одлука за влегување во регионот. Имаме информации дека ќе влезат во Србија наскоро, изјави Арсовска-Томовска.
Србија како поголем пазар, додаде Томовска, е поинтересна за нив како инвеститори, затоа што инвестицијата во еден таков сложен систем кој треба да се грижи за безбедноста на трансакциите е многу висока. Претпоставувам дека понатаму, во најскора иднина ќе го пренесат практично системот и во Република Македонија.
Инаку од вчера Србија и официјално се најде на листата земји во кој може да регистрирате Pay Pal. Повеќе на следниот линк –
БЛАЗЕ СИ ИМ – PAY PAL СТИГНА ВО СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА НИКАДЕ ЈА НЕМА НА ЛИСТАТА