Pay Pal ќе дошол и во Македонија – многу скоро


PayPal ќе дојде и во Македонија многу скоро, најави денеска заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

paypal_palСпоред неа Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија која наскоро влегува во PayPal системот за онлајн купување.

– Последниве две години сме во директни комуникации со PayPal и се чека само момент. Континуирано добиваме информација дека треба да донесат одлука за влегување во регионот. Имаме информации дека ќе влезат во Србија наскоро, изјави Арсовска-Томовска.

Србија како поголем пазар, додаде Томовска,  е поинтересна за нив како инвеститори, затоа што инвестицијата во еден таков сложен систем кој треба да се грижи за безбедноста на трансакциите е многу висока. Претпоставувам дека понатаму, во најскора иднина ќе го пренесат практично системот и во Република Македонија.

Инаку од вчера Србија и официјално се најде на листата земји во кој може да регистрирате Pay Pal.  Повеќе на следниот линк –

БЛАЗЕ СИ ИМ – PAY PAL СТИГНА ВО СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА НИКАДЕ ЈА НЕМА НА ЛИСТАТА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1