Пазарџија може да е само лице без приходи – а мора да си плаќа придонеси


Закупец на тезга на зелен пазар ќе може да биде лице без приходи, кое е регистрирано во Централниот регистар и кое ќе плаќа паушален персонален данок и ќе си ги намирува давачките за социјално осигурување.

pazarПокрај нив и физичките лица регистрирани како трговци поединци со единствена дејност – трговија на зелени пазари, како и индивидуални земјоделци. За секој производ изложен на тезга пазарџиите ќе мора да имаат документ за потекло на производот, а земјоделците и пасош за секое растение кој ќе се бара од 2016 година. Ова е предвидено во Законот за трговијата на зелените пазари кој наскоро ќе се најде пред пратениците, а ќе почне да се применува од јуни наредната година.

Дотогаш сите страни ќе мора да ја извадат потребната документација за да не плаќаат високи глоби кои достигнуваат по неколку илјади евра. Целта на законот е да се воспостави правна рамка за регулирање на статусот на лицата-продавачи кој сега е нерегулиран. Kако и да се овозможи одделните активности кои досега беа дел од сивата економија, нелегалната трговија и нелојалната конкуренција да се стават во правна рамка и законски да се уредат. Стоките кои може да се продаваат на зелените пазари ќе ги определува Владата, на предлог на министерот за економија.

zelencuk pazar

Инаку законот предвидува дека трговците на зелени пазари имаат обврска за плаќање паушален данок според прописите за даноци како самостојни вршители на дејност, додека своите права и обврски по основа на пензиско и инвалидско осигурување ги остваруваат преку задолжително социјално осигурување и здравствено осигурување.

Законот предвидува ригорозни санкции и за пазарџиите и за организаторите на пазарите ако не го почитуваат. Така глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност е предвидена ако трговец на зелени пазари нема склучено договор или не поседува документација со која ќе го докаже потеклото на производот, потоа ако за земјоделските производи што ги продава не поседува пасош за растението и не е регистриран како трговец поединец со единствена дејност трговија на зелен пазар ако се исполнети условите за тоа.

Глоба од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на организатор на зелен пазар и уште од 500 до 1.000 евра за одговорното лице ако склучува договори со продавачи на зелени пазари спротивно на законот и ако утврдуваат други видови парични обврски за продавачот на зелен пазар освен износот на надоместокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1