Пазарна синоќа го затвори „Интермецо“, имало повеќе луѓе од дозволеното


Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори скопскиот бар „Интермецо“ поради непочитувања на протоколите и рестриктивните мерки.

Имено, во скопското кафуле се правела забава со познат ди-џеј на која присуствувале повеќе лица од дозволеното според протоколите кои се препорачани од Владата. Објектот, согласно важечките прописи, добива забрана за вршење на угостителска дејност во наредните 10 – 30 дена како и парична казна.

Според ДПИ, пазарните инспектори синоќа влегле во објектот и постепено го испразниле, бидејќи е констатирано непочитување на мерките согласно одлуката на владата за ковид-протоколите.

Откако ќе се комплетира записникот, локалот ќе добие Решение за забрана за работа во период од 10-30 дена согласно законските одредби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1