Пазете што правите: Интернетот се прислушува и следи во 33 земји – Македонија е на списокот (Видео)


Истражувачкиот тим на универзитетот во Торонто, Ситизен лаб, во својот годишен извештај, насловен „Комерцијализација на дигиталното шпионирање- само за нивните очи“, наведува дека и во Македонија има сервер на кој е инсталиран Финфишер.

Како што веќе пишуваше MKnews.MK според нивниот извештај во земјава имa сервер кој може да испрати штетен софтвер до Вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla Firefox и потоа преку него, да следи се што правите на Интернет. Софтверот може да криериа и да испраќа скриншoтови од вашиот монитор, да прегледува низ вашите електронски пораки па дури да ја вклучи вашата веб камера и микрофон.

И во Македонија државата не шпионира преку компјутерите

macedonia - nsa prisluskuvanjeДокументите обезбедени од страна на поранешниот НСА-соработник Сноуден, објавени во средата, првпат јавно покажуваат дека операцијата за собирање информации се водела во 33 земји со кои постојат тајни договори, заради проширување на американските капацитети за надзор.„најновите документи на Сноуден покажуваат дека голем број други земји, кои НСА ги опишува како „партнери од трет степен“, играат сè поважна улога – со тоа што тајно ѝ дозволуваат на НСА да инсталира опрема за надзор на нивните оптички кабли.“

САД имаат склучено тајни договори со повеќе од 30 трети земји (земји што не се директно ниту индиректно вклучени во прислушувањето), за Агенцијата за национална безбедност да може да навлезе во оптичките кабли што ги носат интернет-податоците во тие делови од светот, откриваат новите податоци од Едвард Сноуден. На списокот на т.н. „партнери од трет степен“ од документите на НСА се наоѓа и Република Македонија.

„Ако вашата земја е на клучна локација и низ неа се одвива голем и интересен сообраќај, тоа ве прави важен партнер“, додава експертот Мико Хајпонен.

НСА одбила да даде коментар за „конкретните, наводни странски разузнавачки активности“ кога била прашана за тоа.

softver

Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично не невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер. Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција.

Овој софтвер овозможува следење на буквално сите активности што ги правите од вашиот компјутер – кои интернет-страници ги отворате, што зборувате на скајп, со кого и што зборувате во која било видеоврска, што пишувате во моментот на тастатурата на својот компјутер. Ниту една антивирус-програма не може да го детектира.

Научниците предупредуваат дека е развиена и мобилна верзија на овој софтвер што значи дека може да се закачи и на вашиот телефон и да испраќа податоци од него.

Истражувачи открија: 25 земји користат софтвер за надзор на интернет корисниците

Станува збор за компанијата „Гама груп интернешнел“, која 15 години најлегално го продава овој софтвер, наречен Финфишер. Досега им го има продадено на владите на некои земји-членки на ЕУ: Чешка, Бугарија, Австрија, Унгарија, Германија, Холандија… и на уште триесетина други земји во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1