Пчели произвеле зелен мед


Двајца млади пчелари собрале зелен мед од нивните кошници поставени во Бернин (Изер) во француските алпи, и се сомневаат дека пчелите место од алпските цвеќиња се хранеле во блиската фабрика за производство на сируп и сокови на марката „Тессеир“, јавува дописникот на МИА.

French apiarist Frieh holds a sample of green colored honey at his home in RibeauvilleОткривањето на „зелениот мед“ било во средата, јавуваат француски медиуми. Според Максим Фавие, сопственикот на кошниците и неговиот пријател Пјер-Гвенаел Бард, питите во кошницата биле целосно зелени.

Појавата на зелениот мед го забележале пред петнаесетина дена, кога увиделе дека во дел од кошниците има зелен и црвен мед.

Според нив, медот има текстурата на мед, но тој има вкус на ментол. Тие велат дека и еден друг пчелар собрал 50 килограми сличен мед.

Пчеларите се сомневаат дека пчелите се хранеле на само два километри од нивните кошници во фабриката за сирупи и сокови.

Дирекцијата на фабриката за сокови има закажано средба со пчеларите за да се анализира медот од нивните кошници. Неодамна беше забележан сличен случај во Алзас, кога пчели во близина на фабриката за прозиводство на бомбоните М&М исто така произвеле син мед харнејќи се во блиската фабрика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1