Печалбарите послабо испраќале пари во Македонија


Откако убаво ја почнаа годината и во јануари се зголемија, парите на иселениците повторно „затаиле“ во февруари и во март, говорат најновите податоци за движењето на тековните трансфер ишто ги објави Народна банка на Македонија, пишува Утрински весник.

pariСумата на тековни трансфери во јануари изнесувала 102,5 милиони евра, но веќе во вториот месец тие се спуштите под „стотката“ и биле на ниво од 88,8 милиони евра, додека, пак, во март доживеале благо закрепнување и достигнале 95,3 милиони евра.

Во првите три месеци од годинава нашите печалбари вкупно пратиле 286,6 милиони евра, што е за 17,6 милиони евра помалку во однос на истиот период минатата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1