Печатот на фактурата заминува во историјата


Задолжителниот печат на фактурите што ги издаваат компаниите за извршен промет или услуги заминува во историјата. Обврската за негова употреба се исклучува од фактурата со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност кои се веќе доставени до Собранието, пишува Вечер.

pecatСпоред предложените измени ова ново решение треба да влезе во примена од 1 јануари 2016 година. Оттогаш во фактурата наместо потписот и печатот ќе се внесуваат име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата.

Ќе имаме електронски потпис со кој ќе се потврдува веродостојноста на документот. Истите обврски ќе се извршуваат со скратување на време, без одење по пошти за да се испрати документот, а се кратат и процедурите. Веќе цел свет е поврзан електронски

Измените на Законот за ДДВ со кои печатот на фактурата станува незадолжителен се надоврзуваат на изменетиот Закон за трговски друштва со кои пак е уредено да не мора да се става печат во постапката за упис во трговскиот регистар, како и во правниот промет. Со новите решенија во Законот за трговски друштва не е дозволено со закон или со друг нормативен акт да се пропишува документите на друштвата да се потврдуваат со печат. Освен ова, печат на документите не смеат да бараат ниту државните органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1