Педесетина лица еднократно си ги повлекле парите од вториот пензиски столб


Вкупно 15 лица од земјава земаат пензија од првиот и вториот пензиски столб. Ова се првите регуларни пензионери на кои дел од старосната пензија им е од вториот приватен пенизиски столб по спроведените пензиски реформи во 2006 година. Од МАПАС не можат да откријат дали пензиите се повисоки иако познато е дека придонесите уплатени во приватните пензиски друштва се оплодуваат по пат на нивно инвестирање.broenje denari pari mk

Потенцираат дека ефектите од пензиските реформи ќе бидат видливи по 15 години кога и пензиите од вториот столб ќе бидат побројни и поголеми. Сега просечната возраст на осигурениците кои членуваат во друштвата е 35 години.

Овие осигуреници кои земаат пензија од двата столба не се првите корисници на парите уплаќани во приватните друштва. Досега вкупно 47 лица еднократно ги повлекле парите од вториот столб со тоа што само го исполниле условот за потребна возраст од 65 години, а немале 15 години стаж. Ова право им е закоснки овозможено.

Во однос на аферата со оштетените пензионери кои на нивна штета се зачлениле во приватните пензиски фондови Дервиши информира дека сеуште се прават анализите. Законски измени ќе има и овие лица нема да бидат оштетени односно да земаат пониска пензија.

Придонесот кој се уплаќа за пензиско и инвалидско осигурување е 18 отсто од бруто платата на вработениот. Кај осигурениците кои членуваат во двата столба 12 % од придонесите одат во ПИОМ а 6 отсто во едно од двете приватни пензиски друштва. Заклучно со крајот на минатата година пензиските друштва оперираат со 781 милион евра на околу 430 000 осигуреници.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1