Австриската полиција повеќе години трагала по избеган педофил осуден на две ипол години затвор за злоставување на 7 год девојче.
Тој побегнал пред да оди на издржување на казната. Според информациите прво побегнал во Шпанија, потоа во Австрија, па Италија и повторно се вратил во Австрија, каде и на крајот го уапсиле.
Германецот Jand Dikr S. е уапсен во бањата Бад Валтерсдорф, каде иронично, работел како аниматор за деца. Во моментот на апсењето тој бил зачуден зошто го апсат. Но го користел вистинското име иако се „подмладил“ 10 години и доставил многу препораки, во кои се велело дека има искуство повеќе од 5 години како аниматор на деца. Управата на хотелот вели дека е изненандена бидејќо тој бил еден од најдобрите работници.