Фановите на cлавната пејачка Шинид О’Конор изненадени со објавата на Твитер дека ја сменила верата и преминала во Исламот. На Твитер објави фотографија со хиџаб и ги извести пријателите дека отсега ќе се вика Шухада Давит.
Објавувам дека со гордост дека станав муслиманка. Тоа е природен крај на патувањето на секој интелигентен теолог. Проучувањето на светите книги од сите вери води кон исламот, што значи дека сите други книги се излишни, напиша таа.
51- годишната пејачка која се прослави со хитот „Nothing compares to you“ таа ги објави своите фотографии со хиџаб, како и видео клип на кој пее Азан – молитвен повик.