Министерот за внатрешни работи на Албанија поднел оставка


Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопштил дека министерот за внатрешни работи на таа земја, Фатмир Џафај поднел оставка

Рама на Твитер напишал дека ја прифатил оставката, не наведувајќи било какво објаснување, пренесува „АП“.

Тој потоа на таа функција го именувал поранешниот воен претставник Сандер Леши.

Изборот на Леши треба уште да го одобрат претседателот и парламентот. Рама навел дека Леши ќе “донесе нова позитивна енергија“.

Борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата се приоритет за Албанија, која настојува да ги отвори преговорите за полноправно членство во ЕУ наредната година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1