Света Петка е заштитничка на жените – денеска направете го ова за мир и среќа цела година


Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Населението за света Петка верува дека е заштитничка на луѓето, нивни застапник пред Бога, ги чува од суша, помор, неплодност, грмење и воопшто од многу зла и напасти. Како празник света Петка повеќе го празнуваат жените.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води.

На овој ден кој се смета за женски празник, жените и девојките не треба да готват, да месат, шијат или перат алишта.

Младите девојки треба да берат цвеќе и да го украсат домот за цела година да има мир и слога.

Малите девојчиња се облекуваат во нови фустанчиња за да ги следи среќа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1