Пејачот Владо Георгиев и неговата поубава полвина Милица Самарџија синоќа станаа родители.
Убавата Милица се породила синоќа, а гордиот татко се пофали на својот профил на Твитер така што го објави името на ќеркичката: Софија“, но и со фотографија со пијалак на масата од прославувањето на раѓањето на Софија.
Пејачот и неговата 14 години помлада девојка се запознале пред две години на снимањето на неговиот спот за песната „Искрено“ во кој Милица била главна ѕвезда. Летоска направија штос така што ги поканија пријателите на нешто што наликувалао на венчавка, кога застанале пред матичарот и изговориле „не“ наместо „да“, а се испоставило дека станува збор за роденденската прослава на пејачот.