Времето денес е сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и североисточен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 31°C. УВ индекс 8.
Во среда сончево и топло. Попладне ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели умерен североисточен ветер. Ветерот попладне ќе ја намали својата брзина. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури од 26°C до 34°C. УВ индекс 8.
Сончево, ветровито и топло со дневни температури кои ќе се движат од 27°C до 35°C ќе биде во четврток. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C. УВ индекс 8.
Во Македонија во петок ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 35км/ч.
Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 34°C. УВ индекс 8.
Курир