Канадската влада е на работ да одобри бизарни видови на ГМ свињи за користење како исхрана за Канаѓаните.
Овој нов хибрид меѓу глувци и свињи е наречен „Енвиро“ (свиња која ја чува животната средина). Овој нов вид на јоркширски свињи го создале научници од Онтарио на Универзитетот Гуелф и тоа на начин со тоа што им додале ген од глувците за да ја намалат количината на фосфор кој се наоѓа во изметот на свињите.
Наскоро милиони Канаѓани ќе јадат место од свиња-глушец, а нема да бидат ниту свесни за тоа. Се очекува одобрување за овој нов вид на свињи наскоро да се појави и во Америка.
Доколку мислите дека ова е прв пат научниците да мешаат два животински вида, во обид да помогнат на човештвото, се лажете.
Правата вистина е дека научниците ширум светот создаваат нови бизарни животни. Во последните пет децении генетската модификација напреднувала и се чини дека истражувачите и научниците се нестрпливи да ја искористат новата технологоја.
Дали вас ова поигрување со природата ве вознемирува? Ќе си речете ако ништо друго барем не произведуваат хибриди меѓу луѓе и животни! Епа произведуваат!!!
Познато е дека хибридите меѓу човек и свиња наскоро ќе се одгојат и во САД. Ова беше јавно соопштено и скоро никој не беше вознемирен поради тоа.
Тоа што е опишано како најмодерна технологија всушност ќе биде производство на свиња во која е вбризган човечки ген. Овие хибридни свињи ќе бидат одгоени поради производство на органи за трансплатација.
Како ви звучи ова??? Постои ли можност ваквите суштества да стигнат на нашата маса?
Не?
Мислите дека тоа на нам никогаш не би ни го направиле?
Немојте да бидете до толку сигурни!
FDA (Aгенцијата за храна и лекови) неодамна објави дека постои голема веројатност дека потомците на клонираните животни веќе одамна се користат во исхраната и дека тие не можат да направат ништо по тоа прашање.
Евидентно е дека имаат сосема доволно време да вршат рација на Американските фармери, но, по нив немаат доволно време да истржат дали клонираните животни се наоѓат во ланецот на исхрана.
Дури изјавија дека практично на нив тоа и не им е некоја тема за истражување.
Поголемиот дел од Американците јадат патлиџани во кој се наоѓаат гени од бубашваби, а голем дел од Американците јадат пченка со вбризган инсектицид. Зошто би биле загрижени во врска со месото кое го јадат
?