Бразилската фирма за пелени „Huggies“ создаде нова направа која преку Твитер ве известува кога е време да ја смените пелената на вашето бебе.
„TwitPi“ е мала пластична птичка, која се закачува на пелената на бебето, а ја мери количината на влажност.
Ако дојде до зголемена влажност, „TwitPi“ автоматски испраќа порака на вашиот Твитер со известување дека е време да ја смените пелената.
Како изгледа новиот крик на технологијата, кој го најде своето место помеѓу мајките, погледнете во видеото.