Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција, ќе биде координатор за НАТО


Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од функцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ.Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница.

Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО.

Пендаровски на предвремените избори во декември 2016 година беше носител на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1