Според податоците од Државната изборна комисија кандидатот за претседател Стево Пендаровски е во благо водство пред Гордана Сиљановска Давкова на над 69 проценти од преброени гласови.
Според податоците на страницата на Државната изборна комисија , Пендаровски води со 42,63 проценти од гласовите , Гордана Сиљановска Давкова има 41,38 проценти , а Блерим Река 11,78 проценти од гласовите.
Најинтесна е состојбата во Битола , каде Пендаровски води со само 20 гласа. Така , тој има 11 578 гласа или 46,57 проценти од гласовите , сдодека Сиљановска Давкова има 11 558 или 46,49 проценти од гласовите.
Пендаровски има двојна предност над Сиљановска во Центар Жупа со освоени 60,80 проценти , наспроти 30 ,32 на Сиљановска Давкова. Таа , пак најубедливо води во Илинден со 68,44 проценти наспроти 27,20 на Пендаровски.
Блерим Река најубедливо води во Желино со 75,97 проценти од гласовите.