Пентагон создава роботи спасувачки, пред наредната голема катастрофа


Во пресрет на тропската бура Сенди, Пентагон побара тим на „спасувачки роботи“, кои ќе бидат дизајнирани и создадени пред да се случи некоја следна катастрофа. Од DARPA Robotics Challenge се наоѓаат пред предизвикот да дизајнираат синтетичка сила, која ќе размислува самостојно, со цел да го намали ризикот од загуба на човечки животи.

Според Defense Advance Research Agency (DARPA), нивните најдобри роботски алатки успешно се тестирани за да помогнат, но тие се уште не се доволно силни за да функционираат во сите средини и да ги извршуваат основните задачи и потреби за да се ублажат кризните ситуации.

Дури и во деградираните пост-катастрофални ситуации, животната средина е прилагодена со човечкиот свет, и се бара навигација на човекот за на пример отварање врати, качување по скали или пак манипулација со човечките предмети, како автомобил или некаков друг вид на алатка.

DAPRA, на Boston Dynamics им понуди договор вреден 10,9 милиони долари за да ги произведе хуманоидните роботи, кои би изгледале и би се движеле идентично како и луѓето, а во главата ќе им биде вграден сензор со компјутерски способности, преку кој на некој начин роботот ќе се идентификува со самиот човек.

Завршувањето на проектот се очекува да се случи во август 2014 година.

Уште еден од интересите на DAPRA e во создавањето на супер-војници за кои дополнително би се потрошиле 7,000,000 долари од вкупно предвидетени 2,8 билиони долари од буџетот за 2012 година.
Ваквите човечки контролирани роботи – терминатори ќе имаат доволно сила за совладување на непријателот. Ќе поседуваат невидени борбени вештини, а ќе бидат најефективното оружје против граѓанските немири или радикалните револуционери.

DAPRA’s Autonomous Robotic Manipulation (ARM) програмата, има за цел да најде начин за да ги искористи различните далечински роботски манипулациски системи, кои се контролирани од страна на луѓето. Оваа програма е поделена на три системи.
-Хардвер: да ги дизајнира уништувачките мулти прсти на роботските раце
-Софтвер: развој на комплексни алгоритми за манипулација и сензорни перцепции
„Теренски: бета-тестирање на роботиката во јавни форуми со цел понатамошно да се изучи роботната анатомија.

Со нудење на награда во висина од 2 милиони долари, седум екипи ќе работат на обезбедување на хардверот, хуманоидните прототипови и инжинериг со цел да им обезбедат идеи за тоа како би изгледала синтетичката сила за спасување која треба да биде создадена. Не сите пријавени записи понудиле хуманоид. Некои од екипите роботот го замислуваат со 3 нозе, некои со една рака, некои во висина на 10 годишно момче и.т.н.

Robonaut, се користат на Меѓународната вселенска станица, во мисии за кои се смета дека се преопасни за астронаутите во вселената. И двата Robonauth 1 и 2 се користени и креирани од страна на General Motors (GM) и Oceaneering Space Systems engineers инжинери, кои работат на забрзување на достигнувањата на овие антропоморфни роботи.
Во 2010 година, DARPA создаде робот на Асоцијацијата за беспилотни возила на Интернационална конференција во Денвер, која беше интерактива на јавен форум. Учесниците создале софтвер, а потоа му давале наредби на роботот да ги изведе специфичните задачи.

Целта на овој настан било да се покаже дека робототите се произведени од страна на владата на САД, со цел да изведуваат задачи, како што се разоружување на опасни експлозивни направи, со што би се намалила значително човечката интеракција.

Почетните фази на глобалните елитни визионери, за создавање на роботи кои што ќе ги гонат луѓето како кучиња, станува реалност. Овие роботи ќе бидат вооружени и автономни. Нивниот сензор во главата ќе биде во можност да открие човечки здив, радио бранови поврзани со човековото отчукување на срцето. Силата на ваквите роботски „мировници“, кои ќе бидат програмирани да бидат насилни и да не се покајат притоа, ќе им овозможи на владите да се организираат, да дејствуваат онаму каде што човечките спроведувачи на законот би можеле да се двоумат.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1