Гинеколозите бараат темелна истрага за смртта на лекарот од Чаир


Да се спроведе темелна истрага под кои околности почина д-р Здравко Јошевски, кој пред шест недели од струен удар почина туширајќи се во бањата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, бараал гинеколозите.

Испратија соопштение со наслов „И докторите умираат, зарем не?“

Работиме во слични услови не знаејќи што може да ни се случи. Бараме потемелна истрага на околностите под кои настапи смртта на нашиот колега, а не само задржување на сиромашната и вулгарна информација дека бил вклучен бојлерот додека се туширал по завршеното напорно дежурство, се вели во соопштението.

Мора да се даде одговор на прашањето што го предизвикало спојот дали е застарена инсталација, дали има врска тоа што се гради во новите простории или пак се работи за тоталната негрижа за условите во кои работат здравствените работници?, велат гинеколозите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1