Британија окупирала 90 одсто од земјите во светот


Од околу 200 земји кои што постојат на светот, само 22 никогаш не ја претрпеле британската инвазија. Само мал број од земјите кои низ историјата се нашле на мапата на британските напади, биле претворени во формални колонии.


Во времето на кралицата Викторија, Британија гордо се нарекувала себеси Империјата во која сонцето никогаш не заоѓа. Но истражувањата покажуваат дека нејзиниот вистински голбален подем бил далеку поширок отколку што покажуваат географските карти.

Кога би се собрало, Велика Британија во некој историски момент нападнала речиси 90% од сведските држави.

Студијата за која што станува збор е дел од неодамба објавената книга „Сите земји кои што некогаш сме ги нападнале, и оние неколку кои никогаш не сме ги нападнале“, плод на долгогодишна работа и труд на авторот Стјуарт Лејкок.

Одејќи по азбучен ред, Лејкок проверувал во кои држави британската војска влегла на сила, со закана со сила, на основа на договор или за пари, а опфатени биле  земји кои биле цел на британски пирати, приватни војски и вооружани истражувачи.

Тоа ги ставило на список земјите како Костарика, Еквадор и Ел Салвадор, кои немале никаква историска врска со Британија, но како дел од шпанската империја секогаш биле цел на напад од страна на Британија.

Прва инвзија во 2 век од новата ера.

Најраната инвазија од Британија е извршена на крајот на вториот век од новата ера, врз северна Франција, а помеѓу помалку познатите од поновата историја е инвазијата на Исланд 1940 година, кога оваа земја како неутрална одбива да влезе во војна.

Иако тврди дека многу добро ја познава историјата на својата земја, Лејкок вели дека бил вчудоневиден кога ја воочил бројката на крај. Единствена земја која смета дека може да се мери со Британија е Франција која воедно и самата била цел на најголе број британски напади низ историјата.

Земји кои никогаш не биле предмет на Британската инвазија:

  • ·1. Андора
  • ·2. Белорусија
  • ·3. Боливија
  • ·4. Бурунди
  • ·5. Централноафриканска Република
  • ·6. Чад
  • ·7. Конго
  • ·8. Гватемала
  • ·9. Брегот на Слоновата Коска
  • ·10. Киргистан
  • ·11. Лихтенштајн
  • ·12. Луксембург
  • ·13. Мали
  • ·14. Маршалски Острови
  • ·15. Монако
  • ·16. Mонголија
  • ·17. Парагвај
  • ·18. Сао Томе и Принципе
  • ·19. Шведска
  • ·20. Tаџихистан
  • ·21. Узбекистан
  • ·22. Ватикан
Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1