Професори уценувале ученици да им плаќаат приватни часови


Дополнителните часови се бизнис на битолските наставници за кој знаат и директорите, пишува Утрински весник.

Наставници од Битола директно ги поканувале или индиректно ги уценувале учениците со давање приватни часови. Директорите иако знаат бараат докази од родителите за обвинувањата. Ова се најде и на дневен ред пред битолскиот Совет.  Иако не е изолиран случај, сепак, на удар се најде наставник од ОУ „Кирил и Методиј“, кој, наводно, уценувал ученици со приватни часови и тоа не само по својот предмет, туку барал учениците да одат на подготовка и по предметот што го предава неговата ќерка.

,, Како директор немам можност да го истражам тоа без родители да дадат изјава дека се случило тоа и без изјава од децата. Разговарав со наставничката, меѓутоа таа ме уверуваше дека тоа се тенденциозни информации од деца кои не можат да постигнат поголем успех“, вели директорката на ОУ „Кирил и Методиј“, Лили Бошевска, за утрински весник.
До одделението за образование во Општина Битола велат дека нема пријава, поплака или жалба од родители во врска со уценување на нивните деца да одат на подготовка кај свој наставник, со цел да се направи приватен бизнис.

Според македонските закони, доколку наставник сака да им држи дополнителна настава или обука на ученици од основното или од средното образование, тој треба да основа сопствена фирма и да си ги намирува даночните обврски. Се’ друго е работа на диво и повлекува санкции.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1