Риба што гледа топлина – има инфрацрвен вид


Научниците од Универзитетот Бон изјавуваат за Naturwissenchaften дека рибата циклид Pelvicachromus taenitus може да гледа топлина. Тоа и овозможува да гледа и да лови плен во плитките Африкански води, како што се ракчиња кои одбиваат инфрацрвена светлина.

Проф. Д-р. Т.С.М. Бакер со својот тим поставиле експериментална програма во Институтот за еволуционерна биологија и екологија на Универзитетот Бон.

Иако научниците долго време мислеле дека инфрацрвениот вид не е возможен, но експериментите докажале спротивно.

Рибата била способна да лови користејќи ја својата способност да гледа топлина. До сега е познато дека некои змии го ловат пленот на сличен начин, но тие не ги користат очите, туку имаат развиено посебен орган за тоа. Луѓето не се способни да гледаат инфрацрвена радијација.

Освен што ова и помага на рибата да го улови својот плен, се докажало дека и помага и при бирањето на партнер. Женките рефлектираат инфрацрвена светлина од нивниот стомачен регион, а мажјаците од нивните перки. – вели д-р. Балдауф  .

Share Button

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1