Одел пеш од Франција до Израел – во Куманово магарето му откажало


Францускиот свештеник Лулу Конверсе (75), во март, годинава, тргнал пеш од Франција за да стигне на гробот на Исус во Ерусалим, пренесува Вест.

Со него оди и магаре кое има име Исидор и кое му го носи товарот. Човекот си влегол во Македонија преку граничниот премин Пелинце, но магарето немало што да јаде и почнало да покажува знаци дека е болно. Свештеникот исплашен за неговото здравје, побарал помош во Куманово.

Гостопримливите кумановачни веднаш го сметсиле во една запуштена куќа, каде тој го поставил својот шатор. Му носеле храна и топли пиајлоци, но ништо не можеле да го разберат, бидејќи Конверсе зборува само француски.

На помош ја повикале локалната професорка по француски јазик, која им ја раскажала прказната за Конверсе, која ја пренесува и Вест.
Мора да го одложи патувањето, се додека не никне трева со која ќе може да се храни магарето Исидор.
ФОТО: Вест

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1