200 Години од бајките со кои растат сите деца – бајките на браќата Грим


Некогаш одамна си живееле двајца браќа, Јакоб и Вилхелм Грим, кои објавиле книга со бајки заедно во 1812 година со која што станале познати. За да се одбележат 200 години од првата едиција на ‘Children’s and Household Tales’ во 2012, се одржуваат бројни културни настани и проекти во чест на бајките на Браќата Грим.

Јакоб (1785-1863) и Вилхелм грим (1786-1859) студирале право и биле водечки фигури во Романтичарското движење во Германија, но станале популарни благодарение на нивната книга „Children’s and Houshold Tales”.

Колекција на волшебни и застрашувачки приказни како Црвенкапа, Јованче и Марија, Заспаната Убавица, Пепелашка и Трнорушка, некои од приказните имаат брутална содржина, но секогаш доброто го надвладеува злото.

Сепак, луѓето непрестано се запрашуваат дали овие бајки се за деца

Бајки: Романтичарска литература или “поезија на луѓето“?

Браќата Грим не ги измислиле нивните приказни. Тие веќе постоеле како митови и легенди, некои стари дури и од Средниот Век.

Браќата користеле усни и пишани избори и собрале 200 приказни.

„Нашата првенсвена цел со собирањето приказни беше точноста и вистината. Не сме додале ништо наше, не сме промениле ништо од приказнте, туку ви ги пренесуваме онака како што и ние самите сме ги примиле“ – пишуваат Браќата Грим во предговорот на нивната книга.

Сепак направиле некакви стилски промени на текстовите за да одговараат на идејата за тоа како „поезијата на луѓето“ треба да биде, објаснува д-р. Бернард Лоер, директор на Музејот Brothers Grimm во Касел.

Музејот Brothers Grimm и Улицата на германските бајки

Музејот Brothers Grimm кој ги направи достапни делата на Браќата Грим постои подолго време, а Улицата на германските Бајки постои уште од 1975-тата.

Се протега од Ханау во Хесе, местото на раѓањ на Браќата Грим, па се до модерниот град Бремен. Поврзува периоди од животот на браќата со места од бајките и претставува популарна туристичка атракција.

Бајките на Браќата Грим се преведени на речиси 160 јазици и беа додадени во Memory of the World Register од страна на UNESCO во 2005.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1