Пензионер од Бања Лука се напил „вијагра“ па починал среде секс со соседката


Пензионер од Бања Лука (68) починал за време на секс со соседка (75), покажала истрагата, а пренесуваат српските медиуми.

Полицијата во една бањалучка населба покрај реката Врбас го пронашла безживотното тело на пензионерот. Со истрагата е утврдено дека тој умрел од природна смрт, бидејќи срцето престанало да му чука поради „вијаграта“ која ја земал. Кобната вечер тој отишил до соседката, а последната минута од животот ја дочекал водејќи љубов со неа.a98384_110406-viagra-5p.grid-6x23

По откривањето на безживотното тело на старецот, на увидот присуствувал и вештак кој утврдил дека на телото нема траги на кривично дело. На никого, меѓутоа, не му било јасно од каде телото во дворот на жената и тоа покрај ѕидот кој дворот го одвојува од Врбас.
– Се уште се утврдуваат околносите што се случило по смртта на починатиот, но според она што истрагата досега го откри, жената на некој начин се обидела да прикрие дека мажот починал во текот на љубовниот однос – објаснил извор близок на полицијата, пренесува српски „Блиц“.

Преплашената соседка по трагичниот настан го облекла починатиот и го изнела во дворот, па најверојатно се обидела да го фрли во Врбас, но немала сила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1