Пензионерите најчести жртви на прегазување – да носат светлечки елечиња за заштита?


Во рамки на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи во сообраќајот денеска започна акцијата за подигнување на свеста кај пензионерите за нивната поголема безбедност во сообраќајот.

Според претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски, пензионерите се една од најранливите групи учесници во сообраќајот и над 50 проценти од вкупниот број на загинати пешаци минатата година се постари лица.policija soobrakjajna

За таа цел, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата отпечати летоци со практични совети како пензионерите да бидат посоветни пешаци. Летоците ќе им бидат делени на пензионерите кои ги користат автобусите на ЈСП, како и во дневните центри за стари лица во Скопје, Кичево, Крива Паланка и Велес каде ќе се одржат и едукативни предавања. Во останатите општини ќе бидат организирани настани на кои помладите ќе им помагаат на постарите лица безбедно да преминуваат улица.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски осврнувајќи се на напорите што ги прави општината за поголема безбедност на пешаците, најави дека од денеска започнува и акцијата за реобележување на сите пешачки премини во општината.

Јавното сообраќајно претпријатие го презентираше автобусот брендиран со пораките од кампањата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1