Пензионерка освои седум милиони евра на лотарија


Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 километри јужно од Москва, Наталија Власова на лотарија освои половина милијарда рубљи (7,2 милиони евра), што е најголема добивка во историјата на Русија.

Куриозитет е тоа што таа за премијата дознала седум дена по извлекувањето и тоа благодарение на нејзината внука, која го проверила лозот.

Иако наградата е релативно помала во споредба со америанските и европските џекпотови, половина милијарда рубљи е повеќе од задоволителна добивка за просечен руски пензионер, чија пензија изнесува во просек 200 евра месечно.

Власова има намера дел од парите да донира во добротворни цели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1