Пепси започна со верзија на својот кола пијалок, за кој тврди дека може да делува како блокатор на мастите.
Пепси специјал е направен со декстрин – индигестибилна форма на диететски влакна, кои се испитани во студија, а како експеримент се земени стаорци кои укажуваат на тоа дека може да се намали апсорпцијата на мастите во телото и да се доведе до пониски нивоа на хлестерол.
Специјалното екстра влакно е создадено од декстрин, односно пченичен скроб екстракт, кој исто така се користи и за лепило.
Пепси тврди дека намалувањето на холестеролот и блокот на мастите кај стаорците, може да биде случај и со луѓето.
Засега нема информации за тоа колку шеќер и сируп од пченка содржи, но во споредба со стандардите, портпаролот на Пепси истакна дека има јасен и освежувачки вкус.
Но, засега не постојат студии кои покажуваат дека декстринот има ефект кај луѓето. Дури и ако тоа има ефект врз стаорците, тоа не значи дека истиот ќе има ефект и кај луѓето.
Подобро е да започнете со диета со овошје, зеленчик и салати. Тогаш ќе добиете бенефиции и од витамините и минералите.
Засега ниту од FDA нема одлука за одобрување на ваквиот производ на американскиот пазар.