Американскиот гигант “PepsiCo” ја повелекол рекламата за својот пијалак “Mountaun Dew”, поради критиките на сметка на расните стереотипи и насилството врз жените, јавува BBC.
Рекламата покажува претепана, измачена бела жена, која во полициската станица треба да го идентификува напаѓачот. Сите осомничени се црнци, а меѓу има и една коза.
“PepsiCo” се извиниле за рекламата во која козата и се заканува на жената дека ќе ја претепа доколку ја идентификува пред полицијата. Жената на крајот од рекламата вика и бега. Во соопштението објавено во вчера, “PepsiCo” наведува дека презема целосна одговорност за било каква навреда или штета која рекламата може да ја предизвика.
Оваа реклама била смислена од американскиот рапер Tyler the Creator.
Точка