Вчеравечер во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., кому му е укажана лекарска помош во битолската болница и е во кома.
Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.