Пешак во кома по сообраќајна незгода во Битола


Вчеравечер во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола.soobrakjajka 233

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., кому му е укажана лекарска помош во битолската болница и е во кома.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1