Пешевски: Ако Заев е толку сигурен дека ќе биде премиер, нека си поднесе оставка од Струмица


ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за Претседател на Владата.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Владимир Пешевски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕpesevski

Тоа значи дека на 24-ти април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ.

Зоран Заев денес самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денес уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат. Зоран Заев, денес уште еднаш ги потцени сите гласачи.

Доколку Зоран Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, ВМРО ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори премиерот Никола Груевски.

Втората добра вест која денес ја слушна целокупната јавност е што Зоран Заев потврди дека после изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите.

Тоа значи дека граѓаните уште од денес може да бидат спокојни.  После 24-ти април Македонија уште порешително ќе зачекори по патот на eкономскиот прогрес и реформите, а не по патот на блокадите и деструкцијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1