Закана за подметната бомба во возот Софија – ­Солун


Меѓународниот брз воз на релација Софија­-Солун, денеска беше принудно запрен на железничката станица во Благоевград, по добината анонимна закана дека во него е поставена експлозивна направа.

Како што јави БТА, по добиената закана возот бил запрен во Благоевград и согласно безбедносните процедури сите 60 ­тина патници биле принудени да ги напуштат вагоните.vozzz500

Прес-­службата на „Холдингот Бугарски државни железници“ соопшти дека по извршениот претрес од страна на специјализираните служби, возот го продолжил патувањето со 51 минута задоцнување.

Пред заминувањето на возот, од композицијата бил откачен последниот вагон, кој останал на железничката станицата во Благоевград.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1