Пештерите на Пешти – македонскиот Колорадо


Се проценува дека има околу 80 пештери, кои не се целосно истражени. Во нив има пештерски украси, некои имаат балкон, тераси, секако сталагмити и сталактити

 IMG_0069-07032014113621Во близина на Велес, на само еден час одење пеш е клисурата Пешти. Оваа природна реткоста е  на 2,5 км од вливот  на реката Бабуна во Вардар. Нејзината  форма  е во вид на инка, горе  е широка 50  долу тесна, едвај пет метри, висока 220 метри, долга е 430 метри. Се наоѓа во заштитениот предел на реката Бабуна.

Поголемиот дел од велешани знаат за неа, биле до таму, ја виделе, но малкумина се тие што влегле во бројните пештери, лоцирани по високите капри. Во 20-тина  не може  да се влезе без алпинистичка опрема и помагала, секако и вештина.  Во овие пештери има 10-тина јами, најголемата е 93 метри вертикала.

Одлика на овие пештери е што во неколку има и цркви, што е вистинска реткост.

Има пет пештерни цркви во локалитетот Пешти. Најголема е Маркова црква- Св. Никола. Изградена е во самата пештера, има ѕидини, како и секоја црква. Како  градителите се искачувале со материјал по оваа вертикала од камен е непозната. Останати  цркви се молитвеници, фреските  се на самите ѕидови од пештерите. Таму живеле  монаси во испосништво, сами.

Во пештерите има пештерски украси, некои имаат балкон, тераси, секако сталагмити и сталактити.

Повеќето пештери имаат имиња, кои ги добиле од месното население. Четири порти, Голема Порта, Инка, Топла пештера, Двоглед, Галерија, ги дале самите селани од околината, како им личи пештерата такви имиња давале. Така   во Топла пештера селаните кажуваат  дека чувале и  по 500 овци во зимо кога било ладно, таа била мошне топла во овој период температурата била до 12 степени  над нулата.  Пешти е познат орнитолошки локалите во Македонија, тука живеат ретки птици грабливки, кои ги има се помалку во земјава, затоа е прогласен и за заштитена зона.

Има шест видови на орли кои тука се гнездат, поради што  е прогласен за орнитолошки, бидејќи живеат ретки птици. Има белоглав орел, царски орел, сур орел,  црна луња, египетски мршојадец и картал. Во периодот од октомври до мај има и пештерски езера.

Ако  Американците го имаат Колорадо, ние ја имаме Пешти. Шест лакови, кои го создала самата природа се единствена природна убавина – вели Илиев, еден од честите посетители на овие пештери.

tirekovmirece.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1