Гугл знае што сте пребарувале – еве што барале на нет некои наши политичари и јавни фацки


 

google search (2)За оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл.

Сте чуле за Google search history? Мики, батките од Гугл сосема посветено (со “мала” доза на орвелизам), професионално и вредно ги собираат и чуваат сите наши пребарувања преку Гугл с`рч.

За кого и зошто, (ве поздрави Сноуден) подобро и да не знаеме.

Вака почнува шегобијната колумна објавена на блогот  avganturamk.

Еве што вели колумната – што некои наши познати јавни личности пребаруваат на Google search 🙂

Andrej-Zernovski2Андреј Жерновски

– онлајн забрзан курс по архитектура “Си правел ли некогаш кули од песок? Значи и ти можеш да бидеш архитект”

– инат, можности и практична примена

-Фото, шарени згради и балкони, Тирана, Мумбаи

-“Top 10 tips & tricks how to stop the baroque”

koce7Коце Трајановски

– www.justask.net   – Имам уште 943 дена мандат. Уште колку точно барок фасади можам да направам?

– онлајн тренинг – “Како да направиш Ајфелова кула и Статуа на слободата во својот град”

– река Вардар, капацитет и пловност, уште колку мостови и какви бродови може да се изградат

Билјана Ванковска

Biljana Vankovska 4x3– Сам свој тренер, прва лекција –  ”Его и суета, или како да ги зголемам и надградам за да станам подобар професор”

–  www.justask.net – “Денес имав 7 нови лајка на ФБ, дали да се кандидирам за Претседател?”

“Top 10 Facebook tricks how to ban and block people

Александар Маленко

-Традиционални имиња на машки деца

-алиментација, нов закон – процедура и утврдување на сумата

malenko-“Marriage and how to stop doing it” for dummies

Секоја сличност со вистината и личностите изнесени овде не е моја вина и немојте мене да ме обвинувате за вашите мали онлајн тајни.

Ехеее…само да знае некој јас што се пребатувам. Чекај…па Гугл знае се. Дилит…дилит…shift+delete…shift+delete…

Целата колумна со уште повеќе пребарувања на наши јавни личности прочитајте ја на следниот ЛИНК

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1