Охриѓанец се дружи со светски ѕвезди – Том Kруз, Џад Ло.. (Фото)


Речиси 8 години живее во далечната Јапонија. Во последните три години нема пропуштено премиера на филм во Токио. Постојано е на црвениот килим, каде што се среќава и разговара со славните светски актери и режисери.

BD56D5588F48B5408BAD4EFA93FC37CD0860381CED94F34E9B8645DD1D352621Охриѓанецот Адријан Битрак првпат заигра на големото платно и тоа како дел од тимот на филмот „Патлабор“ на еден од највлијателните режисери на јапонски аниме и акциони филмови, Оши Мамору.

Битрак игра војник на Обединетите нации, а премиерата е закажана за 5 април.

На црвениот тепих запознал многу актери и ѕвезди. Најголем впечаток му оставил Том Kруз.

– Паметам кога Џад Ло беше на црвениот килим. Имаше девојки покрај мене, кои паѓаа во несвест, не можеа ни воздух да земат, а јас со него разговарав како другар. Дури испрати и поздрав до Македонија Но средбата и разговорот со Том Kруз ми е една од најголемите остварени желби – раскажува Битрак.

C6DB6036425E3342AF41210D03F224FC80FB25F443EFA94992307F58DA362B14
Меѓу последните премиери на кои Битрак бил на црвениот килим била „Волкот од Волстрит“.

– Премиерата беше од затворен круг, имаше околу 50 гости. Иако бев до Леонардо ди Kаприо, тешко беше да се разговара со него. Имаше голема еуфорија, а имав желба да го прашам за Македонија. Се надевам дека ќе имам шанса во наредна пригода – вели охриѓанецот

Повеќе фото и инфо на – dnevnik.mk

830BD966A466824088450053102C4B6E 02D6D3F9B9538541B09E2008A5DF1D67

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1