Мобилните телефони на двајца патници од малезискиот авион се уште ѕвонат!


Системот за локација и комуникација ACARS на малезискиот авион кој исчезнал на авионската линија кон Кина се уште е активен, а телефоните на двајца патници се уште ѕвонат. Ова е најновата вест до која дојде  Сем Вакнин, политички аналитичар со извори во разузнавачките служби, кој имал увид во безбедносните снимки.

kontrola-Логично е овие телефони да не функционираат ако се најдат под вода или доколку авионот се распаднал на делови, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Сајтот china.org, цитиран од „Фигаро“, посочува дека 19 семејства се потпишале под заедничко коминике во кое кажуваат дека неколку телефонски броеви се уште се активни.

Овие роднини на патниците од исчезнатиот авион се обидувале да стапат во контакт и со властите, на кои сакале  да им ги проследат телефонските броеви и да ги наведат на траги од авионот, но до овој момент не добиле повратна информација.

Во денешниот број на весникот „Нова Македонија“ има повеќе ексклузивни информации за кобниот лет. Во него, меѓудругото,  се содржани информации за седум лица кои  се поврзуваат со исчезнувањето на малезискиот авион по кого се трага веќе три дена. Двајца Украинци полетале со авионот што сообраќал од Малезија до Кина, а петмина други само пријавиле багаж, но не се качиле во леталотоНивните торби се конфискувани и во нив се откриени антируски и антикинески памфлети, како и конкретни барања до Русија.

Тројца од петмината што не се качиле на авионот воопшто ги нема на безбедносните снимки на аеродромот, па постојат индикации дека осомничените киднапери имале помош, информира ексклузивно за „Нова Македонија“, Сем Вакнин, политички аналитичар со извори во разузнавачките служби, кој имал увид во безбедносните снимки.

Тој вели оти малезиските власти преку ЦИА и ФБИ побарале помош од израелски Мосад за идентификување на осомничените киднапери.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1