Ако вашите пријатели и семејство постојано ви приговараат дека сте пречесто нерасположени, а на вам не ви успева да се проемните, еве една добра вест: Исплатливо е да сте намќори. Ваквиот тип на луѓе живее подолго, од оние поведрите.
Британските научници откриле дека личноста која е намќорна и има лоша воља, има дури три пати повеќе шанса да проживее подолго, од онаа која е весела и секогаш насмеана. Во истражувањето на темата, како луѓето стареат, почнувајќи од средовечните години, се вклучени повеќе од 10,000 пациенти. Крајниот заклучок е дека оптимизмот, на крај на краиштата и не е толку добар по здравјето.
Во прилог на оваа теза, следат и неколку студии. Една е објавена во 2002 година, во списанието „Personality and Social Psihology Bulletien“, кој покажала дека луѓето кои имале среќно детство умираат пред своите врсници. Во студијата научниците го прателе животот на 1216 деца се до нивната смрт.
Второто истражување, спроведено во Калифорнија, покажало дека среќните и весели лица во младоста често попуштаат под притисокот во друштвото и се навлекуваат на пушење на алкохол и дрога. Причината за тоа е што позитивното размислување им ја загрозува моќта при донесувањето на правилните одлуки, на тој начин што тие не веруваат дека нешто лошо може да им се случи.
Професорот на Универзитетот во Лидс, Џон Мауле, објаснува како луѓето со негативни чуства, многу подлабоко и посуштински ги чуствуваат и согледуваат проблемите, за разлика од оние со позитивно чуство.
„Но ниту една екстремност не е добра. Треба да знаеме да дејствуваме во согласност со тежината на проблемот и да ги разбереме следните чекори кон неговото решавање“, вели професорот Мауле.