Европа расправа денес дали пак ќе се воведат визи


Министерскиот совет за правда и внатрешни работи на ЕУ, на денешниот состанок во Луксембург ќе расправа за бранот на азиланти од земјите од Западен Балкан, по барање на неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои Франција и Германија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.


Само во Германија, од земјите од Источна Европа во текот на 2012 година пристигнале околу 6.000 баратели на азил, меѓу кои многу државјани на Србија и Македонија, а кои биле побројни од барателите од Авганистан, Ирак и Сирија. околу 20.000 лица од Западен Балкан побарале азил во Шведска, а мнозинството од нив се Роми.

На состанокот се очекува германскиот министер за внатрешни работи да даде конкретни предлози за да се обесхрабрат барателите на азил од земјите од Западен Балкан.
Во мерките кои се предложени, се намалување на финансиската помош и побрзо разгледување на барањата. Швајцарија откако започна да ги разгледува барањата за азил за само 48 часови, бројот на азилантите се намали драстично.

Во заклучоците на извештајот стои дека во „најголемиот број од случаите, патниците со потекло од земјите од Западен Балкан се искрени“, односно не го злоупотребуваат безвизниот режим.
Во делот за Македонија се наведува дека постои акциониот план за вклучување во општеството на Ромите и бегалците Роми, отворањето на центри за информации, пристапот кон образованието со давање на стипендии итн.

Комисијата, општо, советува засилување на информативните кампањи, како и поголема контрола на границите како при влезот во ЕУ, така и при излезот од земјите со безвизен режим. И на крајот засилување на помошта за малцинското население, посебно за ромската заедница во овие земји, во рамките на инструмените од програмите за предчленство.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1