Анонимуси си прават своj Викиликс


Светската хакерска група Анонимуси наводно ќе започнат да ја лансираат во јавноста новата онлајн платформа TYLER, која треба да ги обелодени сите проблеми кои што го засегаат Викиликс.

Еден од членовите на групата кој наведува дека го претставува колективот, говори за проектот TYLER и судирот кој што го имаат со Викиликс, во интервју за гласот на Русија.
Според неименува хакер, сајтот на Џулијан Асанж има недоволна транспарентност во обелоденување на изворот на неговото финансирање.
Претходно неименуван хакер од групата на Анонимуси, бил застпаник на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и ја поддржувал мисијата на споделување на тајните податоци и нивно протекнувањето низ јавноста.
Според Анонимусите, Викиликс ги посрамотил со тоа што побарал финаниски средства за објавените докуметни, кои што претходно можеле да се објават бесплатно.
Но, останува да се утврди дали ваквите мислења се на целата група, или пак истите се поделени на повеќе членови, затоа што Анонимусите немаат структурирана група со дефиниран лидер.
Некои од хакерите велат дека лицето кое го дало интервјуто за Гласот на Русија ги навредил на етичка основа.

„Она што сакам да го истакнам е дека организација која што проповедува транспарентност низ целиот свет мора истата да ја обезбеди и за себе си“, вели анонимен член на групата.
Анонимусите се навредени поради тоа што тие се заслужни за поголемиот дел на објавените информации од Викиликс. Тие сметаат дека на Џулијан очајно му треба Викиликс и се додека има проблеми, тој ќе го користи сајтот за свој публицитет и нема да се откаже од него.
Во моментов Викиликс се соочува со тешки финансиски проблеми поради неговата вмешаност во 12 истовремено правни работи од целиот свет.
Во посебна изјава испратена до јавноста, Анонимусите велат дека не можат повеќе да го подржуваат таканареченото шоу на еден човек, Џулијан Асанж, дополнувајќи дека се додека групата продолжи да ја поддржува оригиналната идеја зад која стои Викиликс, сајтот нема да застане и да се залага за таа идеја. Засега останува неодговерно прашањето, дали зад ваквата изјава стои целата група или пак само неколку нејзини поддржувачи, но едно е сигурно сите тие заедно во наредниот период велат дека ќе се посветат целосно на новиот TYLER проект.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1