Поевтин паркинг од 1 ноември


Од 1 ноември, се намалуваат цените за паркирање на ЈП. „Паркинзи“ – Центар. Новиот ценовник веќе помина на управен одбор на „Паркинзи“ и се чека на одобрување од Советот на општината.

 

Во прва зона, досега еден час паркирање од 50 денари ќе се намали на 40 денари, а доколку се плаќа со М-карта ќе чини 35 денари.

Во втора зона, од 40 се намалува на 30 денари. Месечна мулти карта за зона 1, од 1.500 се намалува на 1.200 денари, а за во зона 2, од 1.200 на 1.000 денари.

Во зона 1 спаѓаат паркиралиштата во Градски парк,  Соборен храм и кај Дом на градежници, а во Зона 2 влегуваат Капиштец , Буњаковец,  Дебар маало  и Автомакедонија.

Според новиот ценовник, мултикартата која може да се користи и во двете зони ќе чини 2.000 денари, доколку се плати во готово и 1.500 денари доколку се палти со М-карта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1