Силна песочна бура го зафати Техеран, оставајќи најмалку петмина загинати и 30 повредени луѓе. Невремето се појавило одненадеж со ветрови со брзина од 120 километри на час, носејќи се со себе.
Жртвите загинале од паднати дрвја, јавува агенцијата ИСНА. Најмалку 27 други се повредени, од кои 10 во голема сообраќајна несреќа која се случила поради драстично намалената видливост.
Новинските агенции јавуваат дека бурата беснеела во градот со ветер чија брзина достигнувала повеќе од 110 километри на час. Невремето предизвикало прекин на снабдувањето со електрична енергија во неколку квартови и урнало многу дрвја.
Државната телевизија јави дека биле одоложени меѓународните летови, а на автопатот јужно од Техеран се случил верижен судар во кој учествувале 20 возила. Властите бараат децата, возрасните и оние со здравствени проблеми да не излегуваат од домовите.
Бурата погодила и делови во централен Иран, но засега нема информации за некаква штета.
Бурата погодила и делови во централен Иран, но засега нема информации за некаква штета.