Пет години не користи шампон – се мие само со вода – ефектот е неверојатен


Во Америка расте бројот на жени кои не користат шампон, а косата ја мијат исклучиво со вода. Една од нив е и Жаклин Баерс, жена која не употребила шампон цели пет години и која објаснува зошто решила да користи шампон, како се мие без него и како тоа изгледа.

a„Престанав да го користам вообичаениот шампон бидејќи бев загрижена поради составот, па почнав да користам скап органски шампон кој едноставно ми беше прескап. После тоа почнав да барам алтернативи и најдов една која подразбира мешање на сода бикарбона и оцет од јаболко. Тоа го употребував две години, но не функционираше. Косата ми беше сува, потоа стана мрсна, па потоа пак сува. Од тие причини престанав да употребувам било што и така функционирам во последните три години“, вели таа.Жаклин вели дека единствената причина зошто луѓето не престануваат да користат шампон е навиката – односно процесот со којшто сме пораснале, па ни е незамисливо да се откажеме.

Таа не е единствената која решила да не користи шампон поради различните парабени и токсични материјали во нив. Писателката Хана Брук Олсен не употребувала шампон шест месеци. И таа била изненадена кога сфатила колку косата и изгледа поубаво и има повеќе сјај, поздрава е и побрзо расте.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1