Пет години по смртта на Бин Ладен, Ал Каеда ослабната, но се уште е закана


На денешен ден пред пет години беше убиен Осама бин Ладен, а терористичката мрежа, која ја формираше, Ал Каеда, иако ослабната и натаму функционира и претставува закана.

Ал Каеда со текот на времето ја замени нова џихадистичка сила, Исламска држава, но таа и натаму, според оценките на експертите, претставува потенцијална сила и опасна закана, јави Танјуг.Osama-bin-Laden-007

Минатогодишните напади врз просториите на списанието „Шарли ебдо“ во Париз покажа дела Ал Каеда и натаму е во состојба да изврши напади со толкав обем.

Во Сирија и Јемен екстремистите на Ал Каеда ја искористија хаотичната ситуација и ја презедоа контролата на толку мала територија, па дури и се претставија како алтернатива на бруталното владеење на ИД.

Ал Каеда е основана кон крајот на ’80-те години од минатиот век, а во време кога американските специјални сили го убија Бин Ладен во Пакистан на 2 мај 2011 година, терористичката организација беше мошне ослабната, поради тоа што многу нејзини борци и лидери биле убиени или уапсени во „американската војна против тероризмот“.

Во редовите на Ал Каеда почна да расте незадоволството, кога Ајман ал Завахири го зазеде местото на Бин Ладен. Истовремено ирачкиот огранок на Ал Каеда се издвои и ја формираше Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ). Откако свои поголеми територии во Ирак и Сирија во 2014 година оваа група прогласува исламски калифат во областите под нејзина контрола и името го менува во Исламска држава.bin-laden

Оттогаш ИД практично ги помрачи поранешните партнери, бидејќи на своја страна привлече илјадници џихадисти и ја презеде одговорноста за нападите, во кои загинаа стотици лица во Брисел, Париз, Тунис, Турција, Либан, Јемен, Саудиска Арабија, како и во рускиот авион, кој е соборен над Египет.

Брзајќи да прогласи калифат и да воспостави своја власт, ИД меѓутоа стана лесна цел.

Францускиот експерт за ислам и џихадистичпки групи Жан Пјер Филиу нагласи дека ИД е посебно ефикасна во користење современи технологии, во што поприлично ги надминува своите ривали.

– Пропагандата на Ал Каеда стана невидлива на социјалните мрежи, благодарение на воената машинерија, која ИД успешно ја разви, додаде тој.

Вилијам Мекантс од Институтот Брукингс се согласува дека Ал Каеда е послаба од ИД, но смета дека групацијата се опоравува, особено во Сирија и Јемен.

Огранокот на Ал Каеда во Јемен освои значителна територија во јужниот и југоисточниот дел на земјата, додека владата се бори против шиитските бунтовници.

САД и натаму ја сметаат Ал Каеда за клучна закана и против таа група во Јемен водат војна со дронови.

Во нападите во беспилотните летала се убиени голем број истакнати оперативци, меѓу кои и вториот човек на Ал Каеда Насир ел Вухајши, во јуни минатата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1