Пет годишно детенце од Скопје почина од грип


Петгодишно дете од Скопје е првата жртва од грипот годинава во земјата. Девојчето починало ноќеска по полноќ на Клиниката за детски болести каде престојувало само 13 часа. Прво било лекувано во болницата во Козле од воспаление на белите дробови, но по влошување на состојбата го препратиле на скопските клиники. Педијатрите и лабортаториски потврдиле дека има грип од типот А. Велат дека ги презеле сите неопходни мерки, но не успеале да ја добијат битката.

– Веднаш се собра конзилиум од лекари бидејќи прво имаше невролошки симптоми и беше на одделот за неврологија по што заврши на Интензивна нега. Сите мерки неа преземени, но дојде до влошување на состојбата на целата клиничка слика, беа зафатени мозокот, црниот дроб дадовме и тамифлу и друга подршка. Но со коморбидитет и со компликации од грипот заврши летално на полноќ, вели др. Катерина Ставриќ, директор на Клиника за детски болести.

Засега не е потврдено дали девојчето имало и други болести, меѓу кои и астма. На Детска клиника како што потврди и директорката Ставриќ има и други бебиња со грип, но не се во тешка состојба. Вели дека имаат доволни количини на тамифлу, а доколку дојде до зголемување на бројот на заболени ќе бараат резерва од МЗ.

– Допрва ќе очекуваме пик на заболувањето. Доминира свинскиот кој е со потешка клиничка слика, а има и многу смртни случаи од него во регионот. Затоа во овој период апелираме да не с епосетуваат групни собири, хигиена, за се избегнуваат чести посети на амбулантите каде има зголемен ризик да се добие и грип и морбили, вели Ставриќ.

Од Детска клиника велат дека смртниот случај го пријавиле во Институтот за јавно здравје. Инаку, речиси во сите земји од регионот состојбата со грип е алармантна. Во Хрватска веќе има над 50 жртви а починати има и во Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1