Пет момчиња се обвинети за брутален напад на неименувано 15-годишно дете, кое пред една ндела групно го силувале во Хопкинсвил во американската сојузна држава Кентаки. Семјуел Милер (18), Талер Пери (19), Дејтон Рос Џонс (20) и уште двајца неименувани 17 годишни момиња ѕверски злоставувале момче па лекарите сега се борат за неговиот живот.
За се да биде уште полошо силувањето го снимале и го испраќале видеото преку мобилните телефони. Засега не е познато дали оваа видео снимка ја има на интернет. Тајлер Пери дополнително е обвинет за обид да ги скрие доказите, а Џоунс и Милер се обвинети за дистрибуција на снимката со сексот со малолетник.
Сите тројца се во затвор и од него можат да излезат ако платат кауција од по милион американски долари. Не е објавено каква е судбината на двајцата 17-годишни момчиња со оглед на тоа дека се малолетни. Џоунс на факулетот го исфрлиле од голф репрезентацијата додека трае истрагата.