Пет предмети кои не смеете да ги миете со детергент за садови


Повеќето од нас детергентот за садови често го доживуваат како „повеќенаменско“ средство за чистење коешто не го користиме само за миење на садовите. Меѓутоа, дали знаете дека постојат површини кои детергентот може да ги оштети? Ви донесуваме листа на предмети и површини од кои детергентот за садови мора да го држите подалеку.

Автомобил

sadoper cistenjeОние кои својот автомобил не го перат во автоперална туку дома често знаат да го користат детергентот за миење садови. Избегнувајте негово користење наместо шампонот за перење на автомобили, бидејќи детергентот за садови може да и наштети на бојата. Специјализираните шампони за автомобили ја штитат бојата и горниот слој на лакот.

Прозорци и огледала

Овие површини често ги миеме со детергентот за садови. Меѓутоа, дали знаете дека детергентот наместо сјај може да ви остави траги на прозорците и огледалата? Во зависност од тоа колку е интензивен, може да биде мошне абразивен, затоа подобро немојте да ризикувате и не ги мијте стаклените површини со него.

Облека наменета за хемиско чистење

Дамките на облеката направена од чувствителни и фини ткаенини кои не ги перете туку ги носите на хемиско чистење никогаш немојте да ги третирате со детергент за миење садови. Често, тоа ни е првата реакција кога на омилените панталони од штоф ќе ни „долета“ парче храна и ќе ги измрси, но имајте на ум дека детергентот може да ја оштети ткаенината па подобро не ја отстранувајте дамката со него.

Машина за миење садови

Останавте без таблетите за машината за миење садови и имате намера да ги замените со детергентот за садови? Не го правете тоа, освен ако не сакате просторија полна со пена. За разлика од обичниот, специјалниот детергент кој е прилагоден за миење во машината за садови прави помалку пена од обичните и полесно се плакне од садовите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1